Автомобил, превозно средство без кое многумина од нас не би можеле да се замислиме и да функционираме во секојдневието. Автомобилите се миленичиња на четири тркала за кои се грижиме, некои повеќе, некои помалку, но заедничко за сите е дека автомобилот ни е важен и не ретко ни е секојдневна тема на муабет.
Некоја анегдота од градски метеж, колку ни се нашол сопствениот превоз во дадено време, па и незгода која знае да не извади од памет, па дури и да е гребнатина.
За сообраќајната (не)култура на сите ни е познато на кое ниво е, а секојдневно на вести читаме и гледаме дека редовно сообраќајната полиција напишала стотина казни за брзо возење.
Брзањто кое стана редовна пракса, па дури и кога не постои за да го има, за жал стана рутина за повеќето, а тоа особено изразено во одреден дел од денот, кога врне дожд и секако кога паѓа ноќ.
Пејачката Тамара Тодевска е зависничка од адреналин и обожава да биде зад воланот, а педалот за гас да е притиснат подлабоко кога има можност и прилика, барам така си призна и самата, а наедно се докажа и на една женска трка кога го освои првото место.
Сега токму за оваа тема, Тамара сретна една вест на интернет дека на 103 годишна Италијанка и бил одземен автомобилот поради брзо возење.
Тамара толку многу се пронајде во оваа вест, што напиша коментар дека тоа тоа би била таа за 65 години.
Примерот во секој случај не е добар и репер за останатите, па очигледно дека со годините некогаш паметот не доаѓа.
Казната во дадениот случај на бабата е да се остане без автомоибил, па улиците за еден помалку да бидат побезбедни.
фото: Instagram printscreen/ tamaratodevska