Радио Милева торта и колаж од спомени

Сузана Турунџиева го прослави 56 роденден: „Вива ла Вида, за уште многу години!“ (фото)

Сузана Турунџиева го прослави 56 роденден: „Вива ла Вида, за уште многу години!“ (фото)

ТВ водителката, пејачка, писателка и професорка по музика Сузана Турунџиева,  во неделата, на 9 Март 2025 наполни 56 години.

Роденденската забава ја прослави со нејзиниот хор, додека на социјалните мрежи ги сподели искрените желби  меѓу кои  ја сподели и честитката од  помалата ќерка Матеа.

Така, освен колажот од спомени, таа на нејзината мајка за посебниот ден и напиша дека е најхрабрата жена која бесконечно ја сака.

На „Фејсбук“, Сузе сподели и дел од атмосферата со  хорот за жени кој таа го основаше, а  прославата била тематска  – Фрида Кало.

Пријателките и подариле подароци со Фрида како и  две големи торти и една мала пред кои водителката позирала со насмевка на лицето.

 

„За уште многу години! Вива ла вида, Вива ла музика“ – напиша Турунџиева покрај споделените фотографии на „Фејсбук“.

Пред шест години, Сузе стана баба на своето прво внуче, од  нејзината ќерка Лора која роди машко дете, а оттогаш водителката само се подмладува.

фото: printskreen/instgaram/suzana_turundzieva

To top