Радио Милева Не би ги препознале 

Стара фотографија од брачната двојка: Вака изгледаа Вики Миљковиќ и Ташке пред 30 години (фото)

Стара фотографија од брачната двојка: Вака изгледаа Вики Миљковиќ и Ташке пред 30 години (фото)

Драган Ташковиќ Ташке денеска го слави својот 54 роденден, а неговата сопруга Вики Миљковиќ му испрати емотивна порака за да му посака прекрасен ден.

Нивната љубов трае повеќе од 30 години, а тешко би ги препознале на фотографија од тоа време.

Вики Миљковиќ и нејзиниот сопруг Ташке секако се еден од најстабилните парови на српската јавна сцена, а за сето време што се заедно не излезе ниту еден голем скандал на виделина.

 

„Среќен роденден љубов. Уште многу убави години и спомени“ –  напиша Вики Миљковиќ на Инстаграм заедно со песната на Нина Бадриќ „Сè уште ја имам истата желба“.

Вики и Таше биле многу млади кога решиле да започнат заеднички живот. Тој имаше 22 години, а пејачката едвај 19 години, поради што нивните семејства првично беа против оваа врска.

– Потекнувам од строго семејство кое апсолутно не сакаше да ја продолжам врската со Ташке, а во исто време родителите на мојот сопруг само ја влошија ситуацијата со своите ставови. Иако бевме млади, тој имаше 22, а јас едвај 19, решивме да се бориме. Морам да признаам дека разделбата траеше долго, но преживеавме благодарение на силата на нашата љубов. Дури после долго време се подобрија односите меѓу нашите семејства – рекла еднаш Вики, а дека нејзината љубов со Ташке била навистина силна покажува старата фотографија од брачната двојка која се појави на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Вики и Ташке уживаат во хармоничен брак, а огромната љубов ја пренеле и на работата, поради што нивните успеси се нанижани како монистра.

Сепак, најголема среќа парот почувствувал кога се родил нивниот син Андреј, кој оваа година ќе слави полнолетство .

instagram/vikimiljkovic_kraljicabalkana

 

To top