Радио Милева стилски

Сопругата на Миро Кацаров го откри голото трудничко стомаче кое веќе нарасна

Сопругата на Миро Кацаров го откри голото трудничко стомаче кое веќе нарасна

ТВ водителот Миро Кацаров неодамна пред јавноста откри дека ќе стане татко за првпат.

Неговата сопруга Ивана е бремена во петтиот месец од бременоста, а за убавата вест идниот татко обзнани преку социјалните мрежи и домашните портали.

Миро не криеше дека одамна посакувал да добие дете, па откако сопругата имала една неуспешна бременст, сега со Божја милост го очекуваат нејголемиот благослов.

Полот на бебенцето го открија преку интимна забава меѓу блиските, а тогаш и самите дознаа дека ќе добијат синче чие име го обзнанија тогаш.

-Од сега па на даље, ќе живееме за нашите две деца. Миа и Тадеј. Фала ти господе за даровите што ни ги даде – стои во описот на објавата на идните горди родители.

Миро и Ивана, важат за ултра стилска модна двојка, а од најновата објава покажаа дека  колорно се усогласиле со дневниот стајлиг, а центарот беше таму – нараснатото стомаче на убавата и модерна трудница.

Миро и Ивана заедно со нејзината ќеркичка од првиот брак, Миа, наскоро ќе отпочнат едно ново животно поглавје, пошарено и уште поисполнето со љубов, засилена од малиот Тадеј.

За потсетување, Миро и Ивана се венчаа во месец август 2023 година, кога двојката направи и голема свадбена веселба.

фото:Instagram printscreen/miroslavkacarov

To top