Радио Милева супер сопруг и супер татко!

Сопруг, другар, ама и повеќе од тоа… Сара Мејс редовно „го користи“ Димитар, а тој си тера она што го снашло (фото)

Сопруг, другар, ама и повеќе од тоа… Сара Мејс редовно „го користи“ Димитар, а тој си тера она што го снашло (фото)

Димитар Атанасовски и Сара Мејс комотно може да започнат семејно реално шоу!

Толку присутни на социјалните мрежи слободни и отворени покажувајќи се’ она што им се случува од бракот и родителството, што ретко кои македонски познати личности би можеле да им парираат.

Секогаш знаат да изненадат, што тој, што таа, па така и овој пат без да се штедат еден со друг, дури и на зборови кои не секој си би ги препишал на себе.

На Диме судбината му одреди да има жена музичар- харфистка која автоматски треба да носи масивен и тежок инструмент за што и треба машка рака, најчесто се знае чија – на сопругот.

А тој, проблем нормално не прави, зашто нели е и посилна половина, нејзина прва помош, десна рака што понекогаш знае да побара и хонорар. Таа ќе спакува се’, а тој се разбира треба да товари!

Арно ама, на Сара некако и се заарни, па дури и кога се излезени, Димитар е тој што треба да носи се попратно од сопругата и децата. Чанти, јакни, кесиња, ма се’ и сешто, а Сара ова го покажа и се запраша дали тој е човек или закачалка?!

Тој пак, сам си го најде името – ни повеќе ни помалку , туку магаре!

Доблест е кога човек знае да се шегува на своја сметка, но и да се носи со се’ она што треба и мора, особено кога сопругата и децата се во прашање.

Диме во случајот супер сопруг и супер татко!

фото:Instagram printscreen/dimitaratanasovski_

To top