Најистакнатиот и највлијателниот рок бенд од поранешна Југославија „Бијело дугме“, прославува 50 години од своето постоење со голема турнеја, насловена како „Doživjeti Stotu“. Култниот сараевски бенд, предводен од Горан Бреговиќ ќе свири 50 концерти во 50 градови. Славеничката турнеја стартуваше во мај годинава, од местото каде што всушност започна се, Домот на млади во Сараево, во далечната 1974 година, а на 12 април „Бијело дугме“ доаѓаат и во Скопје.
Легендарниот рок состав ќе одржи концерт во „Арена Борис Трајковски“ Во Скопје доаѓа во речиси оригиналната постава на „Бијело дугме“ – Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ, Младен Војичиќ-Тифа, Ѓиѓи Јанкелиќ, Огњен Радивојевиќ и Зоран Реџиќ кои ќе приредат повеќечасовен рок спектакл, потсетувајќи не на старите добри времиња за кои југоносталгичарите сигурно ќе кажат дека биле најубави.
На 12 април во „Арена Борис Трајковски“, присутните ќе имаат можност да уживаат во хитовите од сите фази на овој легендарен бенд на концертот за кој картите се веќе пуштени во продажба.