Никола Станишиќ, македонскиот кандидат и неговата конкуренција Кристина Крстичевиќ, создадоа неверојатна енергија на сцената од „Ѕвездите на Гранд“, чиј дуел во седмиот круг заврши во корист на Никола кој со максимален број гласови отиде директно во полуфиналето.
Речиси целото жири се согласи дека скопјанецот Станишиќ заслужува да стигне до финалето, особено откако направи оригинален избор на македонско народно со „Кога тргнав Цвето“ и „Моја река“ од Благоја Грујовски.
Како член на жирито кој прв гласаше за двајцата кандидати, Ѓорѓе Давид го објасни својот суд.
-Кандидат број еден, те сакам, ти си сонце пејачко и секоја песна ја правиш со твојата светла енергија – рече рокерот, а Вики се согласи со него.
-Никола, ти си вистински претставник на Македонија, весел, автентичен. Навистина убав целокупен впечаток, едната рака ѝ ја подавав на Цеци, со другата играв и се забавував.
Снежана му честиташе на Никола, кого го смета за автентичен, а неа се надоврза и Марија.
-Никола е стандарден, секогаш е добар – рече Шерифовиќ.
Со пофалбите не изостана ниту Мили.
– Никола навистина доминираше во овој дуел и искрено морам да кажам, повеќе ми се допадна последниот настап, но сега изборот на песни. Вашиот изглед, насмевка и сигурност за мене се потенцијал за финалето, се изјасни Мили.
Се’ на се’ , Никола веќе е во плу финале, а покрај сите негови претставувања и оценки и коментари од жирито, очигледно е дека токму него ќе го подриме во финалето кое е пред прагот.
фото: You tube printscreen/ zvezde granda