Фолк пејачката Стојне Николова е полна со естрадни стратегии.
Ако неодамна за промоција на новата песна и спот за „Најлична невеста“ ги натера сите да помислат дека тајно се омажила, за подоцна да открие дека тоа е само за потребите на спотот, сега повторно има скована вештина.
Всушност, ова е веќе проверено успешна тактика за провокација и внимание, особено за пупликата пред која настапува и се претставува.
Картата на провокација е онаа што редовно „ја играат“ естрадните дами, а ни Стојнето не е ништо покуса, и таа зрачи со сексапил, жари и пали каде и да се појави.
Атрактивната струмичанка е една од оние кои во последно време стануваат се поатрактивни, ама и се попопуларни, и по песните и по појавата, изгледот, облекувањето, однесувањето…
Па така, Стојне за својот викенд настап во еден ресторан каде редовно настапува се скоцкала во ултра провокативен стајлинг кој доста открива и малку покрива.
Црно- белата дводелна комбинација беше сочинета од ултра кусо мини со бел карнер, додека гориот дел исто минијатурен деколтиран топ со долги ракави кои завршуваат како ѕвонести. Голо стомаче, голи нозе, или дупло голо, Стојне со ваков изглед е налик тинејџера, а и со ваков стас ретко која од нејзината фела може да влезе во оваа бројка и храбра кројка.
Николова со полна пареа работи на својата кариера и како што вели и самата, ужива во истото, а од се’ она што ни го сервира, тоа е и повеќе од јасно.
фото:Instagram printscree/stojne_official