Во бел мантил, свечен стајлинг, сценско или лежерно дневно издание, докторката и пејачка Симона Поповска е ултра згодна дама која во период од две години се породи двапати.
Таа е горда, исполнета и реализирана жена која откако стана мајка на две синчиња, успешно жонглира со професионалните и семејните обврски.
Посветена докторка во напливот на време на естетски корекции, но и предана мајка на мали деца кои не можат без мама.
Сепак, време за одмор покрај толку обврски, на умот и телото и тоа како им е потребен, а на овие пеколни летни горештини, Симона замина каде ако не, туку на плажа. Дали изборот беше море или езеро, бидејќи е родена охриѓанка, не сподели, но вака или така време беше за сонце песок, вода и спокој.
Згодна и тенка како манекенка, Симонче е охритско рипче во розово бикини кое совршено и стои.
Фотографиите во костими за капење се „must have“ за на социјални мрежи, а Симона никогаш не излегува од она што е „ин“.
фото: instagram printscreen/ simonapopovskaofficial