Таа е родена охриѓанка со скопска адреса на живеење. Основно училиште завршила во родниот Охрид, гимназија во комшии во Струга, паралелно одејќи во нижо музичко училиште, откако го откриле нејзиниот талент и дарба за музика.

Нејзин инструмент ќе биде виолината, но никогаш нема да стане виолинистка. Дури нема да запише ни музичка школа, ниту пак студии на музичката академија, туку нејзина професија ќе стане нешто сосема трето, што нема допирни точки со музиката.

Сепак талентотт и музикалноста никогаш нема да ја напуштат, па така во пошироката јавност ќе стане позната уште како девојче. Покрај учеството на детските фестивали како „распеано рибарче“ или „Златно славејче“ , дури два пати ќе учествува на домашниот детски избор за песна на Евровизија, каде „за влакно“ ќе и побегне победата, зашто ќе заврши еднаш втора и еднаш како третопласирана.

Учеството на фестивалите ќе го практикува до ден денес, па така од оној за млади таленти – „Мелфест“ во прилеп, преку охридските „Канео фест“ и „Охрид фест“, единственото издание на „Фешта“, па се’ до низа учества на најреномираниот домашн фестивал „Макфест“, каде на своето деби во 2014 година и ќе ја добие наградата за најдобар дебитант.

Кариерата ќе ја гради и како вокал на техно-поп дуото „The Sound Messengers“ заедно со ДЈ Ерик Фокс, но и како соло пејачка чии песни неретко стануваа хитови.

Годиниве стана препознатлива и по својот атарактивен изглед, гламузрозен стајлинг и неодоливиот сексапил, особено огледани во нејзините видеоспотови каде покрај вокалната експресија ја доминира нејзиниот заводлив лик и фаталната привлечност на телесниот раскош кој го поседува.

Покрај музиката, таа сепак својата професионална определба ќе ја насочи кон медицината откако ќе дипломира на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, а нејзината специјализација ќе стане дермантологијата и естетската медицина.

И самата нема да остане имуна на естетските зафати и корекции, но своето знаење и умешност успешно ќе ги практикува и на своите клиенти.

Патем таа денес е среќно мажена жена, сопруга и горда мајка на две машки дечиња.

По шестгодишната соло кариера, деновиве осамна најавата за обновувањето на соработката со ДЈ Ерик Фокс огледана во повторно реоформување на дуото „The Sound Messengers“, што значи дека пејачката одново во ваква формација ќе ја слушаме и гледаме на нивните настапи по клубовите и дискотеките ширум Македонија, а можеби и надвор од неа.

Во меѓувреме, гледајте ја и слушнете што има да каже за своите почетоци, детството во Охрид и тинејџерските години во Скопје, за детските фестивали и оние за за возрасни, за „малата и голема“ Евровизија, за изборот на песните и соработниците, за видеоспотовите, релациите со колегите на естрадата, за „музичкиот брак и развод“, но и втората шанса огледана во соработката и настапите со ДЈ Ерик Фокс…

За видеоспотовите и за имиџот и изгледот, за естетската медицина и хирургија, за пластичните операции и сите можни естетски зафати и вградување импланти, за сопругот, семејството, мајчинството и двете дечиња…

За сето она што повеќе, помалку или воопшто (не) сте го знаеле за Др. Симона Поповска како поткаст гостинка кај вашиот домаќин Антонио Димитриевски во ова издание на интер ток шоуто „Ништо лично“.
Премиерата оди вечерва, СРЕДА, 06-ти мај со почеток во 20.00 часот, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (
Фото: Инстаграм/simonapopovskaofficial






