Радио Милева перформанс на вечерта

Шизењето на Димитар Атанасовски од „афтерот“ на Макфест стана хит видео на Инстаграм (видео)

Шизењето на Димитар Атанасовски од „афтерот“ на Макфест стана хит видео на Инстаграм (видео)

Дека е еден од најдобрите водители на македонската сцена – тоа одамна го знаеме. Но, дека може да ги засени и најголемите поп-ѕвезди со своите „денс“ потези, Димитар Атанасовски ни докажа токму викендов!

Заврши уште едно гламурозно издание на фестивалот за забавни мелодии „Макфест“, каде Димитар, во тандем со прекрасната Марјана Станојковска, брилијантно не водеше низ фестивалските вечери.

Водителското дуо направи вистински спектакл уште на самото отворање кога заеднички ја отпеаја култната „Ти ме сакаш знам“. Но, изненадувањето на вечерта беше Диме – кој не само што запеа, туку во рацете зеде виолина и покажа завидна музичка вештина на сцената!


Сепак, вистинското шоу за  народот дојде неколку часа подоцна.

Фестивалот заврши, ама забавата во Штип дури тогаш почна!

Познато е дека штипските афтер-парти забави по „Макфест“ се легендарни, а оваа година атмосферата ја вжештија мајсторите за незаборавен поп-носталгичен провод – Јован Јованов и Елвир Мекиќ. Додека тие ги редеа своите безвременски хитови, на сцената во клубот им се придружи и Диме.

Но, овој пат тој го остави микрофонот и виолината на страна. Наместо тоа, Димитар ја покажа својата тајна супермоќ: неверојатното, енергично „шизење“ на подиумот!


Неговото танцово лудило веднаш беше уловено од телефоните на присутните, а видеото за само неколку часа стана апсолутен хит на социјалната мрежа Инстаграм. Коментарите и споделувањата не престануваат, а сите се согласни во едно – Диме едноставно знае како се прави вистинско шоу!

Од костум и виолина на гламурозната сцена, до целосно откачување во штипските клубови – Димитар Атанасовски е дефинитивно „all-in-one“ пакет. Момци од поп-сцената, чувајте си ги местата, бидејќи Диме не само што води и свири, туку и  сериозно „опасни“ потези знае да извади на подиумот!

фото:Instagram printscreen/dimitaratanasovski_

To top