Радио Милева кога се сака се' се може

Шеф Никола се стопи: Трансформацијата се гледа од авион – „Уште не сум завршил, дури сега започнувам“

Шеф Никола се стопи: Трансформацијата се гледа од авион – „Уште не сум завршил, дури сега започнувам“

Никола Мишковски, познатиот шеф од кулинарското шоу „Брза кујна“ секојдневно преку својата работа е ставен пред предизвикот да готви, проба и секако да јаде.

Но, прашањето е колку, и која е количината за да се остане здрав и во физичка форма?

Шеф Никола незадоволен од својот изглед и кулограмите, изминатите месеци се стави пред искушени да одолее на се’ оана што не треба, а да прави се’ друго останато во рамките на границите и најважно, да се даде и предаде на вежбањето во теретана и топењето масти.

За патот до трансформацијата и истрајноста до истата, обзнани и на својот Инстаграм профил каде редовно поставува видеа од салата за вежбање и колку тоа се промени периодов.

„Секоја капка пот е чекор поблиску до целта.
Пред неколку месеци бев друг човек – истото тело, но без енергија, без сила, без самодоверба.
Денес, не само што намалив килограми, туку ја вратив контролата врз мојот живот.
Тешко е, да – ама секој ден што ќе се појавиш, секој тренинг, секој избор што го правиш… те гради.
Ова не е само трансформација на телото. Ова е борба за подобра верзија од себе.
И уште не сум завршил. Дури сега започнувам.“
Големо БЛАГОДАРАМ ДО ЛУГЕТО КОЈ МЕ МОТИВИРАА – пишува Никола.

Водителката и колешка од шоуто, Сања Савеска мораше ова да го нагласи јавно, па и таа на својот профил објави фотографии од Никола со пред и потоа фото, па ги праша следбениците дали ја гледаат разликата.

А разликата се гледа од авион, не тебаат ниту очила за оние со дипотер.

На крај, заклучокот е дека кога се сака, се’ се може!

фото:Instagram printscreen/nikola_mishkovski

To top