Авантурите на познатиот телевизиско кулинарски шеф Марк Де Јонг и неговата сопруга Василка никогаш не престануваат, тие секогаш се на агенда и тоа не било каква, туку далечна и разбирливо возбулива.
Ако пред неколку месеци беа на Бали за да почувствуваат посебен, егзотичен, романтичен одмор, овој пат зимско – летен полн со предизвици и љубопитство за сите културолошки знаменитости и секако гастрономијата со доменикански шмек.
Марк и Василка уживаат за сите пари со јадење, пиење и спиење под кокосовите дрвја на Доминиканската Република.
А оттаму да се покаже има многу, прилично многу од се’ она што имаа прилика да го густираат.
Очигледно дека на оваа хармонична брачна двојка поголемо задоволство за сетилата им прават топлите краишта, бидејќи во време кога сите се на снег по планините, тие избраа спротивна алтернатива.
Убави спомени и доживувања кои се мелем за душа, стоплена и исполнета со многу љубов.
фото:Facebook/Marc De Jongh