Никој не е непогрешлив кога е во прашање модниот избор, но кога си јавна личност и се појавуваш на настан каде сите очи се вперени во она што го имаше на себе, тогаш за изборот немаат прошка, особено оние добро упатените во модата.
Кај нас без резерва може да се каже дека Сергеј Варошлија е модениот гуру кој не ги простува грешките.
Иако неколку години наназад нема телевизиски ангажман каде би можел да „се испука“, на Сергеј не му бега ништо, па Инстаграм е тука каде може во свој стил да го искоментира она што просто кажано и во негов стил, не може ни да го гледа.
Мета на остра и жестока критика кај Сергеј на Инста беа ТВ водителките Вера Мештеровиќ и Марјана Станојковска, односно нивниот аутфит со кој се појавија на неодамна одржаната „Златна Бубамара“.
-Ама кај живееме…у која грешка од матрицата се наоѓаме…лош сон ли е ова… – коментираше Сергеј за фустанот на Вара. Во коментари во пораки се согласија и многу негови следбеници кои реагираа дека Мештеровиќ е прекрасна жена на која ова не и требало.
-Црвено,шљокичаво со дупки на три места и шлиц ли е у мода, а ја не знам…хмм- не ја поштеди ниту Марјана.
Заедничко за двете беше црвената боја, едната во тоалета, другата во коктел фустан, но толку погрешен според Варошлија што се расплени во критиката, па реши да сними и видео каде почади против модни уроци.
-Да исчадам против уроци, против лош вкус, незнаење што каде да се облече, катастрофални дезени, дизајни. Иш баксузи, нека не ми се појавуваат вакви работи, нејкам да гледам вакви работи, не ми праќајте вакви слики. Катастрофа, драпаници, ова е се’ иш, ова е се’ невкус. Ова нема појма од мода, ова не е мода. Партали, тенеќиња, катастрофа, фуј! -резимираше за крај.
Одбрана по ова од засегнатите не очекуваме, зашто ретко кој досега се спротивставил на жестоките критички излагања на Сергеј кој овој пат не можеше да премолчи.
фото:Instagram printscreen/varoshlijasergej