Радио Милева стави крај на бројните гласини

„Семејството го изградив на сериозни темели“: Ацо Пејовиќ првпат проговори за неверството и врската со сопругата (фото)

„Семејството го изградив на сериозни темели“: Ацо Пејовиќ првпат проговори за неверството и врската со сопругата (фото)

Ацо Пејовиќ со децении е дел од музичката сцена, постигна голем успех и ги сними некои од најпопуларните песни, а покрај кариерата е посветен и на семејниот живот.

Пејачот Ацо Пејовиќ долги години ужива во хармоничен брак со сопругата Билјана со која има три ќерки Магдалена, Марија и Ива.

Имено, во еден период почнаа да кружат приказни дека Ацо Пејовиќ и бил неверен на сопругата, а пејачот сега стави крај на бројните гласини, посочувајќи дека не обрнува внимание на нив бидејќи е целосно посветен на Билјана и нивните семејството.

„Тоа не ме засега, никакви најави, ништо… Ниту мене, ниту моето семејство. Моето семејство го изградив на сериозни темели, а тие темели се толку цврсти што не сум сигурен дека нечии торпеда можат да ги срушат“, изјави пејачот и откри како неговото семејство реагира на ваквите коментари:

„Се смееме дома кога седиме“, изјави Ацо Пејовиќ за емисијата „Еглам“. Билјана и Ацо се венчаа веднаш по завршувањето на средното училиште, а пејачот често истакнува дека неговата сопруга е огромна потпора во неговиот живот.

Фото: printskrin/instgaram/aco_pejovic

To top