Радио Милева храбро

Секоја улога нова трансформација за Шехерезад: Овој пат толку се промени што ќе се запрашате дали навистина е таа (фото)

Секоја улога нова трансформација за Шехерезад: Овој пат толку се промени што ќе се запрашате дали навистина е таа (фото)

Бергузар Корел се прослави со улогата на Шехерезада во серијата „1001 ноќ“, каде ги украде срцата на публиката ширум светот.

Нејзината љубовна приказна од малите екрани се префрли и во реалниот живот, па веќе 15 години живее во бајка со колегата Халит Ергенц, но во меѓувреме изгледот на Бергузар Корел е многу променет, па денес никој не би ја препознал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Актерката сака да експериментира со фризури и боја на коса, па беше и црвенокоса и црномуреста, а сега одлучи дека е време за целосна трансформација.

Имено, најновите фотографии кои се појавија на нејзиниот Инстаграм го поддржуваат тоа, бидејќи убавата Шехерезада сега се приклучи на клубот на русокоси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Освен што ја промени бојата на косата, таа се потстрижа и, па сега има вистинска „машка“ фризура која одлично и прилега со новата нијанса.

Инаку, драматичната актерка сега работи на нов проект, новата криминалистичка серија „Дилема“ во која го игра главниот лик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

Времето ќе покаже дали новиот изглед на Бергузар Корел е неопходен за снимањето или нејзината желба била да направи целосна трансформација.

Едно е сигурно, без разлика каква фризура и боја на коса има, таа секогаш ја задржува женственоста и префинетоста.

фото:Instagram printscreen/ berguzarkorel

To top