Радио Милева незадолжително

Сања Кужет му роди две деца на партнерот, но никако да застане пред матичар – еве и зошто… (фото)

Сања Кужет му роди две деца на партнерот, но никако да застане пред матичар – еве и зошто… (фото)

Водителката Сања Кужет се породи пред два дена и на свет донесе син кој таа и нејзиниот партнер Немања Живојиновиќ го нарекоа Вук. Со години живеат заедно, но љубовта не ја официјализираа со матичар.

Сања гостувајќи во една емисија откри дека само еднаш во животот облекла венчаница и тоа на венчавката со нејзиниот прв сопруг Зоран Пајпер со кој се омажила додека била бремена.

– Бев во друга состојба кога се омажив за првпат. Убави спомени, мислам искрено, беа навистина важни и убави работи за мене во тој момент. Вториот пат не облеков венчаница, не затоа што јас и мојот партнер не сакавме тоа да се случи, туку едноставно поради некој чуден сплет на околности. Од кога се собравме постојано твориме, градиме, планираме и нешто ни се случува нон-стоп. Навистина немавме одмор во таа смисла да се справиме со таа свадба. Тогаш сите други животни работи и околности всушност не научија дека сè друго што правиме е многу поважно од тој еден чин и тој ден. Така да не бегаме од тоа, кој знае можеби во одреден момент ќе се случи, но вака ни е супер – изјави тогаш Сања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)


Нејзиниот партнер Немања не сака да се експонира во јавноста, а интересно е што првпат се заљубиле кога биле млади.

– Бевме во врска во нашите рани дваесетти. Кога повторно се сретнавме десет години подоцна, ги прескокнавме воведите и предрасудите, па сè беше полесно. Еден поглед е доволен за да се разбереме, без премногу објаснување и трошење енергија на ситни работи – објасни Кужет во интервју.

фото:instagram printscreen

To top