Радио Милева во црн градник и долна облека

Ријана позираше во долна облека и ги „запали“ социјалните мрежи

Ријана позираше во долна облека и ги „запали“ социјалните мрежи

Музичката ѕвезда Ријана, која последниве години се посвети на претприемништвото, ја претстави новата колекција на својот бренд „Savage X Fenty“ за летото и зимата 2026 година. Новите парчиња долна облека, како и порано, самата ги промовираше, позирајќи во атрактивни изданија.

Посебно внимание привлече видеото на кое позира во црн градник и долна облека со бели чипкасти детали. Пејачката носеше и подвезици и проѕирни црни чорапи, а комбинацијата ја надополни со елегантни чевли со високи потпетици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)


Ријана своето издание го покажа и на неколку фотографии што ги сподели на својот официјален профил кон крајот на јули, со опис: „Ова е знак да се почестите со нови парчиња од Savage X Fenty“. Нејзините објави предизвикаа бројни реакции и позитивни коментари.

„Изгледаш прекрасно“, „Не бев подготвена за ова“, „Дефиниција за кралица“, „Секогаш изгледаш одлично“, пишувале следбениците.

Некои во коментарите се осврнаа и на знаците со кои позирала Ријана, особено на оние на кои пишувало „стоп“. Тие го искористија тоа за да ја повикаат пејачката конечно да објави нов албум, по 10 години музичка пауза, пишува „Index.hr“.

„Ова е знак за тебе да го објавиш албумот и да престанеш да си играш со нас“, напишала една обожавателка.

foto: printscreen/instagram/badgalriri

To top