Радио Милева

„Реквием бенд“ и по 30 години не се предаваат, а јубилејот го одбележаа со песна со идентичен наслов – „Не се предавај“ (ВИДЕО)

„Реквием бенд“ и по 30 години не се предаваат, а јубилејот го одбележаа со песна со идентичен наслов –  „Не се предавај“ (ВИДЕО)

Почетокот на годината членовите на „Реквием бенд“ го означија со промоција на нова песна, а за тоа имаат навистина убава причина – одбележување на 30 години постоење на македонската, но и на балканската музичка сцена. Песната е насловена „Не се предавај“,носи убаваа, хумана порака, а посветена е на сите сите некогашни, сегашни и идни родители!

 

Текстот и музиката се на Георги Гавровски, познат меѓу колегите како Гого Реквием, кој е и пејач во групата. Аранжманот е на Дарко Тасев, кој со Филип Каровски ги отсвире и гитарите. Музички продуцент е Кристијан Габроски, а лирик-видеото го изработи Кристијан Лахтов.

Гого Реквием, е единснтвен член од првиот состав на бендот. Поранешни членови се : Роберт Пирнер и Милован Станковиќ, а освен Гого денес во групата членуваат и: Југослав Милановски (од 2001) и Филип Каровски (од 2021 година).

– За промоција на новата песна по подолго време, намерно ја избравме датаат 3 јануари, бидјеќи на овој ден, но во 1996 година бендот за прв пат настапи јавно под името „Реквием бенд“, а нашето деби се случи во култниот „Рулет клуб“ во Скопје. Инаку бендот постои од 17 септември 1995 и роденднеот ќе го заокружиме со голема роденденска журка во септември – изјави Георги Гавровски алијас Гого Реквием за „Нова Македонија“.

Тој е е вокал во групата од 1999 година, а многумина го познаваат и од една друга негова активност, бидејќи тој е еден од нашите најпознати магионичари, кој е баран е и надвор од границите на Македонија.

Проследете ја нивната тема „Не се предавај“ напишана за јубилејот во лирик видеото во продолжение:

To top