Мегафон по 33-ти пат во Скопје

Прослава на Бадник пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“

Прослава на Бадник пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“

Традиционалната манифестација „Бадник“ по 33-ти пат  ќе се одржи пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ , во организација на Бадникарскиот одбор.

На Бадник, 6 јануари 2026, вторник, прославата ќе почне во 11 часот на платото пред Соборниот храм.

Претходно, во 9.30 часот, новите кум и здравичар заедно со членови на Бадникарскиот одбор ќе го посетат Домот за стари лица Мајка Тереза во Злокуќани и ќе им однесат пригодни подароци.

Одбележувањето ќе почне со интепретација на Бадниковата химна од „Силви Бенд“, по што ќе следува осветување на бадниковите гранчиња, кои подоцна ќе им бидат поделени на присутните.

Освен годинашните кум и здравичар на бадникарската прослава, односно Зоран Кондратенко и Јаков Дренковски, пред Соборниот храм ќе бидат и градоначалниците на: Скопје – Орце Ѓорѓиевски; Центар – Горан Герасимовски; Сопиште – Јане Мицевски, како и поранешниот кум и здравичар.

To top