Радио Милева книга на жалост

Професорот по мода на трагично починатата Фросина со порака до сите кои сакаат да испратат последен поздрав (фото)

Професорот по мода на трагично починатата Фросина со порака до сите кои сакаат да испратат последен поздрав (фото)

Поминаа девет дена откако згасна животот на младата 22 годишна Фросина Кулакова која беше прегазена на пешачки премин од лице без возачка дозвола и под дејство на алкохол.

Тој кобен 29-ти јануари беше последниот за младата студентка по мода која била излезена на својата за жал последна прошетка со своето куче.

За смрта на Фросина вознемирена е целата македонска јавност, за неа се одржаа и неколку протести во Скопје, нејзиното родно Неготино, а и во Kавадарци. Зборови и дела за утеха нема, но нејзиниот професот по мода Изет Цури од Институтот за мода каде таа студираше, упати апел преку својот Фејсбук до сите кои за последно преку порака, мисла, цртеж… сакаат да се збогуваат од неговата студентка.

-Драги пријатели, роднини, соработници…
Институтот “Изет Цури” во своите простории постави книга на жалост за прерано заминатата Фросина Кулакова. Сите кои сакаат и се во можност може да дојдат и да изразат свој последен поздрав, порака, мисла, цртеж, слика до Фросина…

Господинот Цури исто така се збогуваше од како што ја нарекува, најдобриот шарен студент кој го имал.

-Фросина Кулакова 2002-2025
Почивај на најдобриот студент од Ларамана што го имавме! Збогум, ангелу.
Почивај во мир на најдобриот шарен студент што некогаш го имавме. Многу ќе ни недостигаш ангел.

Пешачките премини се обележани со бела која од реалноста се почесто е црна. Сурова реалност која боли, боли многу длабоко, особено за најблиските, а Фросина за жал е уште една од многуте жртви чиј живот згасна токму таму!

фото: Facebook/Izet Curi

To top