Радио Милева СРЕЌНА НОВА

Познатите Македонци со искрени желби Ви ја честитаат Новата 2025 година

Познатите Македонци со искрени желби Ви ја честитаат Новата 2025 година

На 2024 и кажавме чао и ја дочекавме 2025 година. Па додека едни ја дочекаа во топлите домови без многу помпа, други во ресторан или на некое патување надвор од границите на Македонија, сепак сите едно исто посакуваме  оваа да ни биде поуспешна, посреќна и побогата  во секој поглед од предходната.

На самиот крај на старата година јавните личности по само неколку минути после одбројувањето, веднаш ги земаа своите мобилни телефони и полни со желби за поубава следна година им ја честитаа на најблиските на следбениците и на пријателите на социјалните мрежи.

Лила Филиповска

Драги мои пријатели… вечерва Ви посакувам една убава, весела, незаборавна вечер , опкружени со убави луѓе, позитивна енергија, весела атмосфера. Да наздравиме за сѐ што поминало во изминатава година, за сите убави моменти и сите животни лекции 🫶
Единствена моја желба до сите вас е: Никој да не ви фали и ништо да не ве боли.

Среќна Нова Година!

Ве сака ваша Лила.

Антониа Гиговска

2024 Те испраќам. Беше баш онаква каква што те замислував ни помалку ни повеќе. Ви благодарам на сите што секојдневно ме поддражувавте и се радувавте со мене на секој мој успех. Ви благодарам на секој отпеан стих, насмевка.. Оваа година имав 3 успешни проекти “Мразам што те сакам” , “Жена” , “Нема кој” и сум мнооогу возбудена за оние што допрва следат.

Без мојот тим ништо па би сакала јавно да им се заблагодарам.

Ви посакувам на сите здравје, среќа, љубов и успех во новата година и само насмевки.

Марјана Станојковска

Да ни е среќна Новата Година!
Да ја дочекаме во радост, да ни биде исполнета со здравје, љубов , среќа и многу прегратки од нашите најмили

Среќна Нова Година 2025

Сузана Гавазова

Годината што следи да биде среќна и успешна! ✨

Калиопи Букле 

 

– Драги, убави луѓе!
Оваа година ја испраќаме со надеж дека следната ќе биде подобра, посветла и поуспешна за сите нас!

 

И пејте со мене:

“Само љубов, љубов
На арно нека е
Не го мисли денот
Ќе биде добро сѐ..”

Викторија Лоба 

 

2025 Среќна да е !

 

Фото: Printskrin/Instagram

 

To top