Актерката Камерон Дијаз (51) и музичарот Бенџи Маден (45) ја објавија среќната вест дека добиле второ дете.
Камерон и нејзиниот партнер се во брак од 2015 година и веќе се родители на ќерката Редикс, која ја добија преку сурогат мајка.
ега открија дека имаат син по име Кардинал, а веста ја открија со заедничка објава на социјалните мрежи.
„Благословени сме и возбудени што можеме да го објавиме раѓањето на нашиот син, Кардинал Маден. Сите сме многу среќни што е тука. За безбедност и приватност на децата, нема да објавуваме никакви слики, но тој е навистина сладок. Ние се чувствуваат толку благословени и благодарни“, рече славната двојка преку Инстаграм.
View this post on Instagram
Досега не откриваа дека чекаат второ дете, но во 2022 година до медиумите стигна веста дека сакаат да го прошират семејството.
фото: printskrin/instgaram/