Мегафон тажна вест

Почина Стјепан Џими Станиќ

Почина Стјепан Џими Станиќ

Во 98-мата година од животот почина Стјепан Џими Станиќ, легендарен загребски музичар и забавувач.

Бидејќи здравствената состојба му беше нарушена, последните денови ги помина во старечки дом. Почина во болница.

Роден е во Загреб на 20 јануари 1929 година, носејќи единствен спој од дубровничките корени по татко му и загребскиот („пургерски“) дух. Музиката го привлекла во младоста, па студирал контрабас. Иако цел живот остана стопроцентен музичар, два клучни моменти што му ја одбележаа кариерата се случија речиси случајно.

Првиот, легендарен момент, се случи во 1956 година за време на гостувањето на џез-иконата Дизи Гилеспи во Загреб. Кога басистот на Гилеспи не се појавил на време, Станиќ, на наговор на Миливој Керблер, од публиката скокнал на сцената.

– Го познавав репертоарот на Дизи – се присети во една пригода, објаснувајќи дека без двоумење ја прифатил поканата иако во публиката седеле и поафирмирани басисти. Гилеспи бил толку воодушевен што го поканил на турнеја, но Станиќ морал да ја одбие понудата бидејќи му бил одземен пасошот.

Како член на Вокалниот ансамбл на Никица Калогјера, во 1954 година доби можност да ја сними песната „Cowboy Jimmy“ (Каубој Џими). Интересно е што прекарот не го добил по песната, туку обратно. Станиќ уште како момче бил наречен Џими од неговиот брат, по каубојски лик од тогаш популарните филмови.

Станиќ за себе секогаш велеше дека е „шлагерист кој пее песни од подобри времиња“. Неговиот топол, пријатен баритон му стана главен инструмент, а настапите беа повеќе од обичен концерт – тие беа кабаретски спектакли исполнети со духовити досетки, вицеви и одлична интеракција со публиката.Станиќ истакнувал дека најважно е да владее весела атмосфера, нагласувајќи ја и соработката со неговата сопруга Барбара, при што секогаш се прилагодувале на публиката како вистински забавувачи.

фото:you tube printscreen/HRT vijesti

To top