Домашниот напиток од целер и лимон се смета за еден од најефикасните природни лекови за намалување на маснотиите и чистење на организмот, особено после тешки оброци.
Оваа комбинација е особено ефикасна за регулирање на нивото на триглицериди, група на масти кои заедно со високиот холестерол се најодговорни за појава на срцеви заболувања.
Имено, триглицеридите се главен извор на енергија за организмот и се важни за здравјето. Меѓутоа, кога внесуваме премногу калории во споредба со нашите потреби, телото ги претвора во резерви кои ги складира во масните клетки. Кога нивото на триглицеридите ги надминува дозволените граници, тоа го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар. Високото ниво на триглицериди може да биде одговорно и за воспаление на панкреасот, односно панкреатитис, па затоа е важно да се грижите за оваа вредност, пишува 24sata.
Еден од начините да го контролирате е терапијата со лекови, која лекарот ќе ви ја препише во случај на зголемени маснотии, но пред тоа веројатно ќе ви предложи промена во исхраната и ќе препорача храна која делува како средство за чистење на телото. Токму триглицеридите често реагираат брзо на промена на исхраната, па вреди да се проба рецептот за напиток од лимон и целер.
Состојки:
400 гр целер (корен и лист)
1 кг лимон
2 литри вода.
Подготовка:
Листовите целер измијте ги добро и излупете го коренот, па измијте го и него. Коренот треба да биде ситно сомелен.
Измијте го лимонот, а потоа излупете го со нож за лупење компири, за да ја отстраните белата мембрана што го обвиткува овошјето под кожата.
Во поголемо тенџере ставете 2 литри вода, додадете рендан целер и листови и кора од лимон и варете на силен оган. Кога ќе зоврие, намалете ја топлината и варете уште 20 минути. Потоа покријте ја смесата и оставете ја да се олади најмалку 6 часа, по можност преку ноќ.
Отстранете ја белата кора од лимоните и изблендирајте ги. Процедете ја водата со сварениот целер и кората од лимон, па додадете го сокот од лимон. Процедете ја смесата уште еднаш и истурете ја во стерилизирани стаклени шишиња или тегли.
Напитокот чувајте го на ладно место, по можност во фрижидер. Испијте мала чаша после главниот оброк.
фото:Freepik