Живот и стил

Пет минути подготовка: Кремаст сладолед од 3 состојки

Пет минути подготовка: Кремаст сладолед од 3 состојки

Сладоледот е омилен летен десерт, а ако доколку ви здодеаја сладоледите од продавница, можете лесно да го направите дома со само 3 состојки.

Добрата страна на овој рецепт е што можете да ја замените третата состојка во согласност со вашите сопствени желби, па наместо екстракт од ванила можете да користите некој друг екстракт или да додадете какао или замрзнати бобинки.

Потребни состојки:
– 200 милилитри кондензирано млеко
– 200 милилитри шлаг крем
– екстракт од ванила

Подготовка:
За почеток изматете го шлагот. Шлагот не треба да биде премногу цврст бидејќи ќе го соедините со кондензирано млеко и потоа ќе го замрзнете. Потоа во шлагот постепено додавајте го кондензираното млеко со матење со миксер на најмала брзина.

Ако ви е полесно, смесата од шлаг и кондензирано млеко можете да ја изматите со лажица. Потоа додајте го екстрактот од ванила и продолжете со мешањето. Кога смесата ќе стане хомогена, префрлете ја во пластичен сад со капак и оставете ја во фрижидер да се стегне најмалку 3 часа.

извор:to;ka.kom.mk
фото: freepik

To top