Радио Милева потрошила богатство

Пејачката завршила во кома по липосукција: Четири дена била неподвижна

Пејачката завршила во кома по липосукција: Четири дена била неподвижна

Пејачката Стоја Новаковиќ своевремено отворено проговорила за тешкото искуство што го доживеала по липосукција, откривајќи дека поради компликации извесно време била во кома.

Наместо набрзо да ја напушти болницата, пејачката морала да остане на лекување, а периодот по интервенцијата го опишала како едно од најтешките животни искуства.

„Тоа е добро познато кај мене! Кога се менувам, менувам сè! Во Турција поминав 10 дена, а два месеци ми беа потребни за опоравување. Цели четири дена бев неподвижна, за среќа што мојот пријател беше со мене. Девет и пол часа бев во индуцирана кома.

Не би зборувала за сумата, но некаде околу 100.000 евра ме чинеше сè заедно, односно толку потрошив на операциите. Кога ќе кажеш Турција, сите знаат дека не е баш евтино и едноставно, но јас сум презадоволна од тоа како на крајот сè испадна“, рекла Стоја претходно за медиумите.

Стоја, да потсетиме, одела на отстранување на вишокот килограми, но сè што правела за да го подобри изгледот било контрапродуктивно, бидејќи обожавателите не сакале да ја гледаат како некоја слаба жена. Тие биле навикнати на неа како на „народски“ здрава и бујна жена.

„Еден период ослабев, но бев гладна. Цело време пиев сокови. Имав совршена линија, во 2003 година, сега веќе одамна. Го променив личниот изглед, но луѓето не ме прифатија.“

Foto: printscreen/instagram/stoja_institucija

To top