Храбрите одлуки за голема промена и донесоа комплетно нова енергија на младата поп пејачка Ивона Јо.
Таа пред неколку месеци направи липосукција и отстранување на вишокот кај подбрадокот, за сега постоператвно да биде толку задоволна и самоуверена за да позира во бикини рекламигирејќи ги истите за еден познат бренд.
-Дај ми сонце и плажа- и сѐ може. И пак ќе кажам после толку време случајно ако сте заборавиле- внимавајте какви луѓе сте и што ги лети низ главичките. И летно време желбите се исполнуваат и пука сѐ кога најмалку се надеваш. Само зависи каков човек си во текот на зимата, напиша таа.
Свесна дека совршенството не постои, но постои слободата, онаа сопствената која секогаш е во мода, а во случајов кај Ивона тоа е токму ова бикини издание.
фото:Instagram printscreen/ivonajo