Радио Милева искрена

Пејачката Антониа Гиговска откри колку тетоважи има, бројката ќе ве изненади (фото) 

Пејачката Антониа Гиговска откри колку тетоважи има, бројката ќе ве изненади (фото) 

Младата пејачка Антониа Гиговска откри дека обожава тетоважи и одлучи пред следбениците на Инстаграм да каже колку точно ги има на број.

Пејачката редовно ги воодушевува нејзините обожаватели со одговори на нивните прашања, а сега  ги изненади сите со бројката на тетоважи, која му ја откри на еден заинтересиран фан.

Како што е познато, таа многу се грижи за својот изглед, па покрај стилот, ѝ е важно да изгледа  и како светски познатите ѕвезди кои обожаваат тетоважи.

Имено, таа сега потврди дека ги има 13 на број со што призна дека обожава да се црта по телото, но и на колку години се одлучила за тоа:

– Колку тетоважи имаш, и на колку години ја направи првата ? – беше прашањето кое привлече внимание.

„Тринаесет имам“ – напиша таа, и откри дека првата ја направила на 17 години.

Сепак, најпознати се оние три кои ги има на своето тело. На вратот, под градите и на рамото/раката. Тие на нејзините фотографии се најлесно  виливи, а една од најзначајните е онаа на вратот со натпис „Бакни тука“.

Но, додека некои луѓе сакаат своите тетоважи да ги чуваат само за себе и да не бидат видливи за другите, други немаат никаков проблем да бидат забележани веднаш. Дури и кога нивните тетоважи се покриени, тие не се плашат да ги откријат, како што еднаш направи Антониа.

фото: printscreen/instаgram

To top