Нивата сезона на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ од првата емисија стартуваше со Македонка, кавадарчанката Мирјана Митрева која и не помина така сјајно, а истото се случи и со уште неколку македонски кандидати потоа.
Ова е апсолутен преседан од претходно, бидејќи како публиката, така и жирито навикнаа да слушаат маестрални изведби од Македонија, а македонските учесници да бидат фаворизирани до победа. Тоа и реално се случуваше, добивме две победи, втори и трети места од финале, но оваа сезона очигледно тргнала панично.
Желбата за пеење и слава е голема, ама членовите на жирито талентите се поратко ги слушаат откако визуелно се преградени со паравани се’ до моментот кога ќе дадат глас.
Уште едно македонско финаско се случи дури двапати во последната, односно најнова емисија.
Првин настапи битолчанецот Никола Зацески, оперски пејач по диплома, ама после фалширањето кое го слушна Марија Шерифовиќ, таа строго му порача дека дипломата може да си ја фрли во канта.
-Не можам да сфатам како некој што има било каков вид барем малку посериозна музичка едукација може да фалшира. Те молам повеќе тоа да не си го дозволиш. Отиде и дипломата, отиде сé по ѓаволите, фрли ја дипломата во канта. Стилски не ја пронајде сопствената мерка, од традиција до нешто модерно, сето тоа изгледаше како турли-тава“, беше остра Марија Шерифовиќ кон Никола, кој сепак им се допадна на Ѓорѓе, Цеца и Снежана, па тој за менторка ја избра Цеца иако Ѓорѓе му се понуди.
Следна кандидатка која пропатува доста киломентри од Германија за да се покаже и проба како пејачка во „Ѕвездите на Гранд“, беше уште една Македонка на која судиите не и беа наклонети.
18 годишната Тамара Јакимовска која живее во Дортмунд, доста полошо помина од битолчанецот. Иако полна амбиција за биде пејачка, Тамара од старт доби четири паник тастери.
Жирито воопшто не се штедеше во жестоките коментари, особено Марија Шерифовиќ која и на оваа кандидатка и сугерираше дека на нејзиното пеење му треба работа, многу работа ако сака ова да го прави сериозно.
Сe’ на се’ ѕвездите воопшто не се наклонети за оваа сезона од потрагата по таленти за Гранд од Македонија. Изненадување секогаш имало и ќе има, па оттука од оптимистичен агол можеби и ќе се случи отстапка и пресврт со некој македонски канндидат кој ќе ги ипресионира.
фото:You Tube printscreen/ Zvezde Granda