Панчо – ДНК, меѓу останатото е и познат мајтапџија и тоа најчесто на своја сметка. Шегите најчесто ги споделува на социјалните мрежи преку постови, видеа и фотографии, па така беше и овој пат откако познатиот ар ен би артист и ДЈ претходно добил порака со (не)пристојна понуда.
Имено, познато е дека ДНК имаат има бројна публика, а со самото тоа и Панчо мноштво од обожаватели и фанови, па еден од нив, вистински или лажен, собрал храброст да му пише порака со (не)пристоен предлог.
Со бричена глава или ултра кратко потшишан, со или без капче, Панчо таков го паметиме речиси уште од самите почетоци кога почна да се појавува на естрадата.
Добро не баш, зашто на почетоците со ДНК, а и во бившиот бенд со кој за прв пат се појави на ТВ кој го сочинуваа Фичо ( Филип Безовски – денес успешен бизнисмен) , Жичо (Жикица Тасевски – денес познат фудбалски тренер) и Панчо, факт е дека тогаш младиот Владиммир Блажев беш „малку побушав“.
Со текот на годините триото престана да постои, а Панчо со Андреј ( тогаш член на бендот ТНТ), потоа го формираа ДНК, дуо кое до ден денес успешно опстојува, прераснувајќи во еден од најпознатите македонски бендови.
Како и да е, висинскиот или „фејк“ фан на Панчо си земал за слобода да му испрати порака со малку „незгодна“ содржина.
„Панчо, планираш ли да пушташ коса во идно време или имам братучед што ќе ти среди незаборавно патување во Турција (Истанбул) каде што ќе ти биде пресадене бујна коса со која ќе можеш да бидеш повпечатлив секаде. Биди поздравен од мене и Никола“ – гласи пораката, која панчо јавно ја објавил, па исраќачот го направил „славен“.
Арно ама, Панчо не би бил то што е, да не знае како да одговори на ваквите „предлози“!
Една малку постара фоторафија ја заврши работата, а Панчо ја сподели интегрално со неговиот одговор на понудата…
„Јас со бујната коса после пораката“ – споделил Панчо покрај сликата на која е со перика со афро фризура.
Така, Панчо – ДНК доби (не)пристоен предлог во порака, а возврати со пристојна фотографија и шеговит пишан збор… Бушава турска понуда за впечатлив афро одговор!
Фото: Инстаграм/djshortypofficial