Еден од нашите најсветли македонски ѕвезди, трап ивзедувачот и текстописец, 25 годишнот Христијан Настески Пајак беше гостин во емисијата „Никој да не знае“ на Телма, каде во изјавата за своите родители и за тоа дека сака да им приушти многу нешта, допре до многу срца и „чепна“ до најсилните емоции.
Нема родител кој не би сакал да слушне вака да зборува неговото дете, да ја вреднува почитта, вистинските вредности, семејството, особено во време како живееме.

Пајак на големо изненадување на водителката кажа дека досега не бил кај јужниот сосед на море, и дека годинава сака да им овозможи неколу одмори на своите, а дека за него има врме и дека ќе почека.
View this post on Instagram
-Што и да им треба, значи, пак тие се… мора да работат, значи тоа е. Со мама се расправам, ама не можам да…
-Сакаш да ја натераш да не работи, го праша водителката?
-Па да, потрошиле многу време на нас. Малку сакам да уживаат и тие. За пари не е проблем, значи сум им давал и ќе им давам за што и да е и… Ги праќам сега во лето, не’ викам секое лето по два- три пати на одмор. Да, а јас не сум иден. Знаете дека не сум бил во Грчка во животот. Не знам, сега моментално немам време. Сакам после албумов да одам негде. Сме немале можности. Мама знам само еднаш ме има однесено до Албанија знам, прв пат на море сум бил на шеснаесет или седумнаесет години во животот, вели тој.

Очигледно Пајк е совршениот пример кој и тоа како заслужува да биде идол на најмладите за кои и онака е силно обожуван . Освен што научил за највредните нешта како што е семејството, научил и искреноста да биде негова доблест и одлика за која покрај се’ останато ќе биде пофален.
фото:Instagram printscreen/
pajak.ur/ nikojdaneznae






