Поранешната тениска шампионка и национална фаворитка, Ана Ивановиќ, покажа дека ужива во животот дури и по разводот, можеби дури и повеќе од претходно.
Ана помина неколку дена во Италија со своите најблиски пријателки, а судејќи според фотографиите и расположението, се чини дека навистина уживала во патувањето.
Фиренца, Аперол, вечери под ѕвездите, долги прошетки и бескрајна смеа – така накратко би можела да се опише женствената авантура на Ана во Тоскана.
Поранешната тенисерка, позната по својата природна убавина и елеганција, изгледаше опуштено, среќно и исполнето… како да кренала огромен товар од грбот.
Во опуштени летни комбинации, со чаша Аперол во рака и широка насмевка, Ана порача:
„Навистина уживав во времето поминато со моите девојки! Ова одамна требаше да се случи“, напиша Ивановиќ покрај серија фотографии на Инстаграм.
View this post on Instagram
фото: printscreen/instgaram