Радио Милева воодушеви

Николија Јовановиќ објави фотографии од луксузна дестинација – многумина ѝ завидуваат за ова

Николија Јовановиќ објави фотографии од луксузна дестинација – многумина ѝ завидуваат за ова

Пејачката Николија Јовановиќ веќе некое време ужива во Дубаи, а на социјалните мрежи ги покажа деталите од својот луксуз.

Имено, таа позираше со шапка, без шминка на лицето, и го искористи времето за да ужива во хотелот, како и пливање во морето но и посета на елитни ресторани.

Пејачката ја пофалија за тоа што изгледа одлично и за тоа што знае да ужива максимално.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NIKOLIJA (@nikolijaofficial)

Николија сподели детали од својот одмор на социјалните мрежи, претежно на Инстаграм, и беше јасно дека ѝ е потребен одморот.

Патем, Николија неодамна го прослави својот 36-ти роденден, а фотографии од интимната прослава објави на својот Инстаграм профил.

За оваа пригода, пејачката се одлучи за розов сатенски фустан со длабоко деколте, а тортата исто така беше розова.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NIKOLIJA (@nikolijaofficial)

 

Таа објасни дека секогаш има помош околу децата и дека нема проблем отворено да зборува за тоа.

– Да, имаме дадилка кога е потребно и жена која помага околу куќата. Кога учебната година е во полн ек, се трудам да ги завршам сите мои обврски до 16 часот, а потоа им припаѓам исклучиво на децата. Но, без помош не би можела да ја работам оваа работа, бидејќи е потешка од работата со полно работно време.

Foto: printscreen/instagram

To top