Радио Милева бесценето

Никогаш посреќна: Сара Мејс го доби најубавото што може да се посака (видео)

Никогаш посреќна: Сара Мејс го доби најубавото што може да се посака (видео)

Oктомври е месецот на пејачката и харфистка Сара Мејс. Есенско време и секогаш во ист период чувство на убавини и неизмерна љубов,

Сара во октомври има убав повод за славење, односно вчера, 20. Октомври, го прослави својот роденден. Бројот на годините не го нагласи, ама нели за годините на дамите не се зборува.

Годинава како и минатата слават во проширен стотав откако го добија синчето Кирил, па забавата и возбудата се на уште појако ниво.

Традиционално излегоа во ресторан и дуваа свеќичка на колаче, за малку од многу еуфориај не им се случи пожар, ама незгодата за среќа на таков среќен ден беше избегната.

Прославата продолжи и дома со најслатката танцова двојка од малите мињони на мама Сара која се топеше од радост додека ги гледа како танцуваат Илина и Кирил.

Шлагот на тортата беше честитката на Илина, па ако лани знаеше само да и отпее роденденска песничка на мама, од годинава е прваче кое веќе знае да чита и пишува, а и да црта.

Па така, за роденденот на мама, Илина се потруди да ја најправи најубавата честитка што може да се посака, дело на малата хериоина кое за славеничката беше драгоцен подарок.

Среќен роденден!

To top