Мегафон тажна вест

Ненадејно почина македонскиот музичар Ристо Ќорнаков, член на групата „Зијан“

Ненадејно почина македонскиот музичар Ристо Ќорнаков, член на групата „Зијан“

На 61-годишна возраст почина Ристо Ќорнаков, член на легендарната македонска група „Зијан“ од Гевгелија.

Пред само еден месец Ќорнаков со останатите членови на бендот свиреше на сцената во Младинскиот културен центар во Скопје.

Групата настапи во МКЦ по цели 30 години, а фановите имаа ретка можност да го видат и слушнат целиот оригинален состав во живо.

Гевгеличани жалат што вака ненадејно се „раситни“ петорката од омилените „Зијан“.

Ќорнаков кој свиреше клавијатура, велеше дека музиката му прави ќеф, а дека по професија е дизајнер на ентериери и производител на уникатен мебел.

Работеше во својата работилница во Мрзенци, гевгелиско каде и живееше со своето семејство, пишиува порталот „Гевгелија.нет“.

фото:Социјални мрежи

To top