Некогашната македонска ријалити учесничка Елеонора Кочовска, екс -Миљковиќ, денес е далеку од релните шоуа. Денес длабоко е навлезена во реалниот живот, особено откако се омажи и го смени презимето, ја смени и професијата, па сега моделингот, инфлуенсерството и рекламирањето и се главна професија иако во последно време го гледаме се поретко и тоа од неа.

Но тоа не значи дека некогашната македонска ријалити ѕвезда сосема исчезна од јавноста. Одвреме – навреме Нора знае да се појави со нова фотосесија збогатена со по некое видеоклипче, колку да потсети дека се’ уште поседува врвно возбудливи телесни квалитети.

Овој пат телесниот раскош огледан во ангелското лице, стројната снага, долгите нозе, извајаната задница и силиконски граден кош полн гигантски облини, скопската инфлуенсерка го сместила во нов модел бикини.

Впрочем, костимите за капење и еротската долна облека и беа речиси навика кога се одредени брендирани парчиња во прашање, подготвени за нивно рекламирање.

А како и не би кога на ваква атрактивна убавица секако дека најмногу и прилега да рекламира еротска долна облека и секси костими за капење, па затоа и производителите на истите не случајно ја избираат токму неа за да ги рекламира нивните најнови модели.

Можеби е така е и овој пат, но и не мора, зашто Еленора соблечена во новиот модел секси бикини, сакала да ве одведе и на едно друго, малку поинакво место, на кое ќе ви покаже дека најжешките денови во долгото топло лето, баш и не морате да ги минувате покрај езеро или на море.

Приватен имот среде шума, со отворен базен, туш, летна кујна, шанк, покриен дел, лулашка и сите други удобствија, онака како што Нора умее да ви го понуди, на прва ќе ве маѓепса.

И околината и расната и бујна убавица која седната во сламената лулашка или на работ од базенот дефинитивно ќе ви го разубави денот.

И тоа во секоја пригода и прилика, па макар и само на слика. Можете само да си замислите како и колку би уживале во летно „шумско бекство“ во ваков мал рај со некоја сакана особа, на која ќе и понудите малку повеќе интима од некоја здодевна гужва на песочна плажа и тесна хотелска соба!?

Уште понежнта половина да е барем малку телесно надарена налик на Еленора Кочовска, задоволството ќе ви биде „на квадрат“, а возбудата – до коска!

Но во целата приказна останува само една недоумица: Дали некогашната скопска ријалити убавица на оваа „неоткриена летна локација“ само уживала или на ова парче летен рај, таа е газдарица?!

Дали се работи само за инфлуенс летна возбуда или тоа е нејзиниот нов бизнис во понуда?
Фото: Инстаграм/__elle.m__




