Струмичкиот крал на трубата, Исеин Агушев, алијас Џамбо Агушев не ретко знае да ги искаже емоциите јавно преку социјалните мрежи кога е во прашање семејството.
Тој убавите моменти и специјални датуми сака да ги споделува со своите обожаватели и следбеници, а овој пат за првпват ја покажа мајка си и тоа со повод – нејзиниот роденден.

-Мајко моја мила, мојата убава мајка, среќен роденден. Бог те подари за нас, моја убава мила- пишува Џамбо.
Од фотографиите може да се види дека музичарот по физиономија на ликот доста потсетува на мајка си од која ги наследил и впечатливите сини очи.

Инаку, Џамбо редовно е на турнеја низ целиот цвет, а од објавите почесто можеме да ги видиме и неговата сопруга Асена со која се во брак дванаесет години, а плод на нивната љубов се четири дечиња: ќерката Севги, синот Мерт, и помалите убавици Мелинам и Алина која ја добија во 2022 година.
фото:Facebook/Djambo Ozden (Agusev)




