Игор Тодоровиќ познат како Доктор Иги ја „запали“ сцената во деведесеттите, а неговите песни се слушаат до ден-денес.
Тој раскажал што еднаш му кажал астролог, но и зошто никогаш не стапнал на „лудиот камен“.
Игор Тодоровиќ, кој во деведесетите блескаше на сцената, во една прилика рекол дека од својот прв албум заработил два милиони марки. Имаше и своја јахта, девојките се фрлаа пред неговите нозе, а по зајдисонцето на славата почна да живее поскромно, па дури и извесно време беше невработен. Девојките лудуваа по него, еднаш тој беше на прагот да го каже судбоносното „да“, но сепак не успеа. Како што вели пејачот денес, тој не верува на ниту една жена, а астролог еднаш му рекол дека му фрлиле магија.
„Многумина се обидоа, но јас не попуштам. Денеска не можам да и верувам на ниту една жена. Имаше одредени ситуации. Речиси имав закажано венчавка со девојка која живее во Америка и е родена Панчевка. Во текот на деведесеттите, Се забавувавме една година и неколку дена, еднаш бевме заедно на море, првпат раскинавме, па се помиривме… По многу години, враќајќи се од Франција, во автобусот беше нејзината школска другарка. Секогаш, најголем непријател на една жена е жената, а не мажот. Панчевката слушнала за таа ситуација, а љубовта меѓу нас повторно се разгоре, преку Вибер. Сепак, Белград – Њујорк, голема дистанца меѓу нас. Во ред е, и покрај тоа што не сме се виделе, се познававме, само сега сме постари, а порано помали. Меѓутоа, во еден момент сфатив дека не ми треба и дека не е тоа“, изјави Доктор Иги.
фото: printskrin/instagram/You Tube