Пејачката Неда Украден објасни што значи тетоважата што нејзиниот зет Пеца ја направи во знак на благодарност, нагласувајќи дека нејзините бројни недвижности не се причината.
Пејачката Неда Украден (76) не крие колку е блиска со својот зет Предраг Миновиќ Пеца, кој во долгогодишниот брак со нејзината ќерка Јелена има три деца.
Колку се ценат и почитуваат, потврдува и неговата тетоважа со нејзиниот лик на телото. Неда Украден претходно откри зошто тој го направил тоа.
„Ние сме семејство кое се почитува и живееме заедно. По некоја случајност, му помогнав за нешто. Го убедив да оди да го реши проблемот со очите, иако речиси тоа го имаше отпишано. Го губеше видот и го убедив да оди во клиниката каде што јас го решив проблемот со видот и диоптријата. Сè заврши среќно и во знак на благодарност го истетовира мојот лик“, раскажа Неда своевремено.

Пејачката објасни што значи неговата тетоважа и дали станува збор за мал знак на внимание или за нешто сосема друго.
„Сопругот на ќерка ми го прифатив како свое дете. Пеца не го истетовира моето име поради недвижностите, туку затоа што му помогнав со здравјето. Инсистирав да оди во една клиника и сè успешно решивме“, откри таа, пренесува „Puls Online“.
Foto: Instagram printscreen /pecamand/neda.ukraden






