Порталот „Бетвеј казино“ го открива најскапото место за изнајмување лежалки. Се работи за клубот „Ариенцо бич“ во Италија, каде што ова задоволство може да чини и до 350 евра на ден.
Анализата опфаќа над 130 популарни барови на плажа и над 60 јавни плажи ширум светот. Така, „Ариенцо бич“ се наоѓа на брегот на градот Амалфи, јужна Италија, а до него се доаѓа само со брод. На цената, се верува, влијае и туристичкото место Позитано. На топ-листата, Позитано, со островите Ли Гали во близина, го има и одморалиштето „Ла Скољера“, коешто е на второто место… Изнајмување лежалка тука чини 250 евра дневно.
На место бр. 3 е барот на плажата „Алила мареа бич“ во Калифорнија, САД, каде што лежалка чини 230 долари на ден. Амалфи го зафати и четвртото место со „Уан фајр“ – 200 евра дневно, а петти – со цена од 190 евра, е Пловечкиот бар на плажа „Јона“ во Тајланд.
Од друга страна, пак, најприфатливи, т.е. најевтини барови на плажа за изнајмување лежалки може да се најдат во Турција. Во клубовите „Ксума бич“ и „Додо бич“, на пр., се плаќаат 1,43 евра дневно за користење лежалка. Тука некаде е повторно Тајланд – со клубот „Парадајз бич“ каде што лежалка чини пет евра за еднодневно користење.
фото:Freepik