Секојдневното туширање може тивко да ѝ наштети на кожата повеќе отколку што помислуваме. Три наизглед безазлени навики ја нарушуваат нејзината природна заштита, ја сушат и ја прават почувствителна, а добрата вест е дека можат да се поправат многу брзо.
Тушот за многумина е симбол на чистота и опуштање, момент кога телото и умот се „ресетираат“. Токму затоа најчесто не го поврзуваме со појава на затегнатост, лупење или иритација. Сепак, дерматолозите предупредуваат дека кожата најчесто не страда од екстремни третмани, туку од мали грешки кои секојдневно се повторуваат и постепено ја ослабуваат нејзината бариера.
Предолгите и жешки тушеви – скриената причина за сувост
Иако се пријатни, долгите тушеви со жешка вода ја оштетуваат кожата. Температури над 38 степени ги разградуваат природните липиди кои ја штитат кожата и ја одржуваат мека. Со време, тоа доведува до чувство на затегнатост и „крцкава“ кожа, иако таа изгледа чиста. Кратки тушеви со умерено топла вода се доволни за хигиена и многу поблаги за кожата.
Премногу козметика – премалку заштита
Миризливите гелови, богата пена и агресивни состојки често прават повеќе штета отколку корист. Кога секојдневно се комбинираат со груби сунѓери, кожата останува без својата природна рамнотежа и станува склона кон иритации, особено на чувствителни делови од телото. Побезбедно решение се едноставни, нежни формули со минимален број состојки и без силни мириси.
Најчестата грешка – одложена хидратација
Клучниот момент за нега е веднаш по туширањето. Во првата минута кожата најбрзо ја губи влагата, па ако тогаш се пропушти нанесување лосион, масло или млеко за тело, таа побрзо се суши. Производот нанесен на благо влажна кожа создава заштитен слој и ја задржува хидратацијата во текот на целиот ден – мала промена со голем ефект.
Фото: Инстаграм/__elle.m__







