Радио Милева за добро утро

На сцена секогаш е тип- топ, а еве каква е Антониа Гиговска кога станува од спиење (фото)

На сцена секогаш е тип- топ, а еве каква е Антониа Гиговска кога станува од спиење (фото)

Велат дека вистински тест за привлечност кај посилниот пол и доказ за убавина е кога жената ќе стане од спиење, ќе има широка маица и коса во репче. Без грам шминка. Ова е навистина убава глетка, особено кога дамата е храбра да се покаже и на социјалните мрежи во вакво издание. Токму во вакво светло за добро утро, поздрав преку Инстаграм прати пејачката Антониа Гиговска.

Шитока маичка, ноншалантно собрана коса, без никакви филтри и шминка, Антониа направи кадар од кој се прикажа себеси онаква каква навистина е, природна, опуштена и своја во својата дома.

За неа секојдневието е една голема брканица и трка со време.

Сепак, таа успешно жонглира со обврските да биде пред се мајка, а потоа и една од најактивните и најбараните поп пејачки од македонската естрада.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Дека се носи со секој предизвик пред неа покажува што успева да најде време за се’, сигурно со помош и асистенција од семејството кое е вклучено и во одгледувањето на бебето Киан, а исто и во помош околу нејзината кариера.

Сцената бара работа, а посветеност се бара и кон фановите, публиката која ја сака и поддржува. Денот на Антониа не и минува без теретана, ама не и без салони за убавина. Многумина коментираат дека таа не личи на себе откако ослабе и тоа драстично.

Шминката за познатите дами е ретко кога не е задолжителна , особено онаа тешката сценска, ама Антониа гледа што повеќе да го одмара своето лице со свежа и негувана кожа, а за третманите им се препушта на професионлци.

Сепак, публиката секогаш бара нешто да биде ново и интересно, а Тониа и тоа како се труди секогаш да им биде различна и поинаква од претходно.

фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa

To top