Радио Милева ноќта ми те должи...

На петтиот концерт во Сараево, Здравко Чолиќ направи џентлменски гест за почит и паметење: Првата љубов за никого заборав нема, па ни за Чола!

На петтиот концерт во Сараево, Здравко Чолиќ направи џентлменски гест за почит и паметење: Првата љубов за никого заборав нема, па ни за Чола!

На петтиот концерт на легендарниот Здравко Чолиќ во салата Зетра во Сараево, публиката беше сведок на еден емотивен момент. Откако ја забележа во публика својата прва љубов од младоста, актерката Јасна Орнели Бери, пејачот слезе од сцената меѓу публиката, топло ја прегрна и и ја бакна раката.

 

 

Како потсетување, Јасна и Здравко биле во врска во седумдесеттите години, кога и двајцата живееле во Сараево и се движеле во истите, уметнички кругови.

 

„Се запознаваме доста млади, одевме во Домот на младите, доаѓаа таму актери, музичари, сликари… Се дружевме и се вљубив. Сите имаме своја прва љубов, а Здравко секогаш ќе има посебно место во моето срце. Ни се разидоа патиштата, а после војната се сретнавме во Белград.

Средбата беше емотивна и тогаш тој ми ја посвети песната „Ноќ ми те дугује” –  раскажа е во една прилика Јасна за тамошните медиуми.

 

To top