Македонскиот рап артсист кој се крие зад уметничкиот прекар „StarBoy“ деновиве беше приведен во Париз. За оние што не знаат, тој последниве години живее и работи во француската престолнина, каде меѓудругото се занимава и со ДЈ-ство и креирање сопствена музика.
Но, францускиот Македонец , како што самиот ќе изјави од нигде-никаде среде бел ден беше сопрен и приведен од француските полицајци. Причината навидум сосема безазлена и наивна, па дури и смешна.
Имено, Стар Бој немал француска возачка дозвола, поточно лиценца за управување со моторно возило, туку и таму ја користел македонската возачка, која пак му е сосема исправна и валидна, ама… Ете, француските џандари не гледаат така на тие работи, туку си тераат според нивните закони. Ако сакаш да бидеш македонски Француз, не ќе можеш да си дозволиш таков луксуз да возиш со возачка од матичната држава, туку ќе мораш да извадиш и француска.
Но тоа секако не е се’, зашто тука проблемот не престанува, туку од еден – друг проблем настанува.
Имено полицајците откако убаво го „скенирале“ раперот им се видел сомнителен и по друга основа, па почнале да му ги прегледуваат и бројните тетоважи по рацете и телото. Наводно, се посомневале да не припаѓа на некоја крими банда од француското подземје, чии членови со посебни знаци си го обележуваат телото. Скенирањето потрајало малку подолго, а секоја од тетоважите детално била прегледана, скенирана и споредена со датотеката во полицискиот компјутер. Се анализирала секоја шарка, секој симбол или испишан збор, истетовиран на француски, македонски или на некој сленг, за да проверат дали Стар Бој не припаѓа можеби на некој француски генг.
Среќа нему ги отвориле на Инстаграм фотографиите или видеата, зашто во некои од нив Стар Бој наликува на “gang boy”, ама само за потребите на неговата музика во спотовите.
Откако утврдиле и конечно се увериле дека францускиот Македонец не е француски гангстер туку македонски рапер, Стар Бој бил ослободен, а возилото му било вратено назад.
Што било и како било и кој „К“ им е на француските џандари, раперот подетално ќе објасни и тоа од прва рака за сите детали поединечно, во интер ток шоуто „Ништо лично“!
Фото и видео: Приватна архива и Инстаграм/starboyofficial23