Мегафон тажна вест

На 85 годишна возраст почина Мишо Ковач

На 85 годишна возраст почина Мишо Ковач

Според неофицијални информации до кои дошла „Слободна Далмација“, легендарниот музичар починал во болница во Сплит.

Пејачот е рекордер според бројот на продадени плочи и други музички носачи на звук во забавната музика во Хрватска, но и во целиот поранешен регион.

Со повеќе од 20 милиони продадени плочи во текот на 47-годишната музичка кариера, како и бројни музички и дискографски награди, тој е еден од најпознатите и најхаризматичните хрватски пејачи.

Кариерата ја започнал со преработки на странски хитови, а потоа продолжил со изразено емотивни песни, главно во типичен медитерански, далматински музички стил, како и со соработки со клапи.

Врвот на популарноста го достигнал во седумдесеттите и осумдесеттите години на 20 век, но и денес има бројна и верна публика.

Иако музичката критика повеќе ги цени неговите порани и помалку познати дела, популарноста ја стекнал со емотивните и забавни мелодии, меѓу кои се „Остала си увек иста“, „Сви пјевају ја не чујем“, „Ако ме оставиш“ и други.

Благодарение на популарноста, харизмата, бескомпромисните и често специфични ставови, како и музичките успеси, се стекнал со статус на легенда на хрватската музика.

фото:you tube printscreen/Mišo Kovač Official/Croatia Records

To top