Живот и стил Билборд сезона есен 2024

Мохито – Rosy Rendez-vous – уникатна колекција за безвременска убавина шик изглед и доза на елеганција

Мохито – Rosy Rendez-vous – уникатна колекција за безвременска убавина шик изглед и доза на елеганција

За старите Римјани розите претставувале раскош, богатство, убавина… а за дизајнерите на најновата колекција на Mohito наречена Rosy Rendez-vous, розата која зазема централно место е симбол на сензуалност и сила. Оваа уникатна колекција ја комбинира класичната женственост со модерни акценти, нудејќи елегантни и стилски комбинации.


Мотивот на розата се појавува на облеката како целосен принт. Изгледа неверојатно на лелеав макси фустан со секси шлиц од страна или на мини драпе-фустан.

Овој класичен роза принт е совршен и за секојдневната облека, како што е топот што ги открива рамената бакнати од сонце. Мотивот се појавува и на марамите – додатокот што на секој изглед му додава суптилен допир на шик!

Колекцијата содржи и многу модерни 3Д детали. Црвениот горен дел без прерамки со голема, тридимензионална роза на предната страна го дефинира склучително трендовскиот изглед!

Подеднакво спектакуларни се и високите потпетици со роза на палецот, достапни во две бои – нуд и црвени.

Дополнително, чeкoрот со роза му дава доза на сензуалност на секој аутфит.

Палетата на бои во колекцијата наменета за есента 2024 година вклучува живописна црвена боја и нијанси на бела, совршено надополнети со темен тексас.

И интензивно црвениот горен дел или нежно белата блуза лесно може да се усогласат со морнарските сини широки панталони со украсни копчиња или морнарското сино плисирано мини здолниште.

Во истата нијанса во понудата има и тесен тексас фустан кој ја следи линијата на телото и ја истакнува фигурата.

Колекцијата е надополнета и со накит – ѓердан и обетки од блескави кристали. Овие парчиња додаваат неверојатно елегантен шмек на облеката.

Откријте ја безвременската убавина типична за розата во женствената облека на Rosy Rendez-vous. Колекцијата е достапна во продавниците на Mоhito, како и на mohito.com

И да, елеганцијата не е да се истакнеш, туку да бидеш запомнет, а со новата колекција на Mohito наречена Rosy Rendez-vous не можете да останете незабележани и едноставно подгответе се сите погледи да бидат вперени во вас.


Оваа, но и останатите колекции на Мохито можете да ги најдете во продавниците лоцирани во трговскиот центар East Gate Mall Skopje на првиот кат и на приземјето во Palma Mall во Тетово.

To top