Македонскиот поп пејач Влатко Лозаноски – Лозано денес има повод за славење. Овој петок, 27 јуни 2025-та е негов ден, денот што го чекаме цела година. Поводот не само што е роденденски туку и повеќе од тоа… Бројката „округла“, јубилејна… „Четири банки“ – роденденски, ама тоа не е се…
Годинава не само што Лозано влегува во петтата деценија од животот, туку радоста е уште поголема зашто првата роденденска честитка ја доби од оној што лани токму влезе во неговиот живот… Неговото синче Марко, кое неодамна пејачот за прв пат јавно го покажа.
Се разбира малечкиот се’ уште има неполна година, па роденденската честитка на тато му ја упати преку тета.
Имено, Марија, сестрата на Лозано, односно тетката на малиот Марко држејќи го в раце на својот Фејсбук профил споделила една фотографија, покрај која ја додала и роденденската честитка во име на нејзиниот внук и во свое лично име до нејзиниот брат Влатко.
„Среќен роденден, тато Влатко Лозаноски – Лозано, јас и тете Маре ти посакуваме мноооогу радост, да пееш уште поубави песни и да останеш креативен и добар каков што си. Тета за првпат остана без зборови, па јас ѝ диктирав. Многу те сакаат двајцата Мариња“! – споделила сестра му на Лозано.
Но, роденденот на Влатко Лозаноски покрај синчето и сестрата, преку Фејсбук му го честиташе уште една од неговите најдраги личности. И тоа со фотографија која можеби тој и не толку многу ја памети, ама таа секако, да!
Неговата мајка Билјана покрај роденденската честитка за својот син Влатко, во постот споделила и фотографија од времето кога тој бил неколкугодишно детенце, качен на детско точаче.
Фото: Фејсбук/Lozano – Vlatko Lozanoski/Marija Lozanoska