Финалистот на една од претходните сезони на музичкото натпреварување „Ѕвезде Гранда“, и победник на втората сезона од „Пинк ѕвезди“, Мите Стоилков пред еден месец се оствари во една од најубавите животни улоги – стана татко.
Неговата сакана Марија му роди наследничка, женско бебе кое го носи името Иларија.

Таинствено тргнаа со бременоста, ама сега за Цветници решија да го направат спротивното, па на еден месец откако добија бебенце, се решија да го направат и првото јавно запознавање на Иларија со јавноста.
Мите на своите куси објави на Инстаграм постави неколку фотографии каде делумно ја покажа ќеркичката и напиша:

„Тивко дојде, гласно засвети“, се дополни гордиот татко.
Бебешкото лиценце и малите слатки рачиња, едноставно неодоливи за реакција од следбениците на пејачот.

За потсетување, Мите и Марија пред околку година ипол организираа свадба со традиционалното одење по невеста, трубачи и голем број пријатели.
Мите и Марија не ја експонираа својата љубовна врска, а заедно беа неколу години. Марија стидира општа медицина во Штип и цели да биде идна докторка.
фото:Instagram printscreen/ mitestoilkov






