Според последните информации од извори блиски до самиот музичар и семејството, причина за мозочното крварење е прснат крвен сад, односно таканаречена аневризма, која Попов и претходно ја имал. Што предизвикало да дојде до несаканата ситуациија, засега останува непознато. Она што дознаваме е дека здравствената состојба на предводникот на ПМГ колектив и во текот на денешниот ден е тешка и се’ уште животнозагрозувачка иако лекарите вложуваат максимални напори за да го одржат стабилен и во живот.
Како што веќе објавија македонските медиуми предводникот на ПМГ колектив, музичар и продуцент Мирко Попов, сношти завршил на една од скопските клиники. Како што се дознава, тој доживеал тежок облик на мозочен удар.
Попов во тешка здравствена состојба, вчеравечер, вторник, 19 март 2024 тој е примен во болница и е ставен на машина за дишење, а медицинскиот персонал се бори за неговиот живот. Неофицијално, причината за хоспитализацијата е обилно мозочно крварење.
За потсетување, Мирко Попов е македонски диџеј и продуцент на електронска музика, кој со оваа професија се занимава уште од осумдесеттите години. Од 2008 до 2010 година бил и главен и одговорен урeдник на Канал 103.
Во 1998 година ја формирал „ПМГ Рекордингс“, дискографска куќа која има намера да ја регистрира и промовира квалитетната музика на новото време, славејќи ја современата култура и исправајќи историски грешки и неправди нанесени на македонската музика од блиското минато.
Во 2003-та година го основа и бендот „ПМГ Колектив“ комбинација на жив и електорнски пристап ) каде тој е автор на музика, текстови и вокалист. Бендот за кратко време прераснува во еден од водечките домашни алтернативни бендови од првата деценија на новиот век и веќе има издадено неколку албуми и отсвирено повеќе македонски и европски концерти.
Фото: Инстаграм/pmgrecordingsskopje